Дачиќ: Замрзнатиот конфликт на Косово може да предизвика прогон на Срби

– Србија тогаш би била пред важно прашање што да направи? Дали да ги брани Србите, да интервернира и да вlезе во судир со КФОР, НАТО, и тоа значи дека тој судир може да се прошири ...- нагласи Дачиќ.

173
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ нагласи денеска дека замрзнатиот конфликт на Косово може да предизвика прогон на Срби од таму и успорување на европските интеграции.

Во изјава за ТВ Пинк, Дачиќ рече дека замрзнатиот конфликт може да предизвика повторување на „хрватското сценарио“ – Албанците да упаднат на север во Косово и да ги протераат Србите со премолчена согласност на меѓународната заедница.

– Србија тогаш би била пред важно прашање што да направи? Дали да ги брани Србите, да интервернира и да влезе во судир со КФОР, НАТО, и тоа значи дека тој судир може да се прошири. Доколку се случи судир, прашање е на кого може да смета Србија, дали тоа значи наше обраќање до Русија – нагласи Дачиќ.

Тој вели дека знае оти уште од времето на Милошевиќ доколку Србија не може да се победи од надвор тогаш да се направи од внатре со фомирање одредени политички сили. Според него, до крајот на годината се очекува бројот на држави што ја признале независноста на Косово да биде по 100.

ФОТО: EPA-ANDREJ-CUKIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...