Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ по повод новогодишните настани околу црногорскиот Закон за верски слободи и заострувањето на односите меѓу двете држави изјави дека „Србија нè ја интересира државниот и правниот статус на Црна Гора, туку е заинтересирана за правата на Србите, кои според последниот попис во Црна Гора ги има 30 проценти“.
Дачиќ, гостувајќи на Дневникот на РТС, кажа дека не може да се спореди позицијата на Србите во Црна Гора и на Црногорците во Србија, кои, како што рече, „владееа со Србија, иако беа само 0,5 проценти“, повикувајќи ги притоа Црногорците кои живеат во Србија да се изјаснат за ова прашање.
– Оној што стекнал сè во Србија има обврска да не молчи за ова прашање, а оние кои го поддржуваат црногорскиот режим по ова прашање на борбата против српскиот народ, мислам дека големото прашање е дали тие сè уште треба да имаат српско државјанство, -ажа Дачиќ.
Министерот за надворешни работи го повика „црногорскиот режим да разговара со своите граѓани за Закон за верски слободи, оценувајќи дека кризата „не се појавила во Србија, туку во Црна Гора“, дека дијалогот е единственото решение и дека Србија постојано повикува на разговори, но дека црногорските власти го отфрлаат тој дијалог.
Според Дачиќ, „режимот во Црна Гора собира поени за продолжување на антисрпската политика“ и продолжува да ја обвинува Србија за мешање во внатрешните работи на Црна Гора, иако „никој со години нема кажано ништо против независноста на Црна Гора“.
Тој додаде дека режимот сака да обезбеди нова победа на изборите, така што ваквото однесување во анти-српскиот блок им носи поени, но и во еден дел од меѓународната заедница, затоа што тие се против Русија, Србија и наводната големосрпска политика. Според Дачиќ, „тоа е минато време и ова е голема неправда затоа што Србите и Црногорците отсекогаш биле заедно и никогаш не биле во судир“.
За реагирањето на американската амбасада во Црна Гора на настаните во Белград, Дачиќ рече дека никаде се нема ова случено „затоа што САД имаат амбасада во Србија која можеше да реагира, а амбасадорката во Подгорица можеше да го преиспита кршењето на верските слободи“.
– Владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) вели дека претседателот Александар Вучиќ се меша во внатрешните работи на Црна Гора, а ДПС се вмеша во внатрешните работи на Србија, зборувајќи за независно Косово – кажа Дачиќ.