Дачиќ: Големите сили веќе подготвуваат церемонија за потпишување договор со Косово

Она што е минимум е во Советот за безбедност да се донесе нова резолуција наместо 1244 и тоа врз основа на договори кои Белград и Приштина ќе ги постигнат.

581
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC

Американците веќе изразија подготвеност да организираат церемонија за потпишување договор меѓу Белград и Приштина и да повикаат и други држави, вели Ивица Дачиќ министер за надворешни работи на Србија, во интервју за Политика.

Тој доддава дека советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон за тоа разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин и Сергеј Лавров.

– На нив им е цел Русија да е согласна и да учествува во тоа, освен оној дел кој го води Европската унија. Големите сили мора да бидат гарант на догвороот бидејќи тој мора да помине и во Советот за безбедност на ОН – истакнува Дачиќ.

Она што е минимум е во Советот за безбедност да се донесе нова резолуција наместо 1244 и тоа врз основа на договори кои Белград и Приштина ќе ги постигнат.

Кога станува збор за дијалогот, Дачиќ вели дека целиот преговарачки процес е во целосна дефанзива и пат-позиција и за продолжување потребно е Приштина да ги укине таксите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...