Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека до официјален Загреб ќе испрати список со 20.000 имиња на деца убиени во логорот Јасеновац, како одгововор на „обидите за релативизација на усташките злосторства и ревизија на историјата на Србија“.
Дачиќ за „Вечерње новости“ изјави дека списокот ќе го испрати со препорачано писмо.
– И претходно планирав тоа да го направам, но кога и да одлучев да го испратам списокот на некој министер, тие ќе го сменеа. Така беше и кога сакав да го испратам до поранешниот шеф на дипломатијата Давор Иво Штир. Но, овојпат ќе го испратам списокот со препорачано писмо.
Дачиќ смета дека хрватските функционери, од почит кон жртвите би требало да молчат, а не да бараат нови истраги, како претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ која се заложи за формирање меѓународна комисија за утврдување на бројот на жртви во Јасеновац.