Данската банка Jyske дава станбени кредити со негативна камата од 0,5 отсто што значи дека граѓаните кои ќе земат ваков кредит ќе платат помалку пари од позајмените, пишува Бизнис Инсајдер.
– Ова е ново поглавје во историјата на хипотеки и отвора нови можности за сопствениците на домови – велат од банката.
Негативната каматна стапка на Jyske е последна во низата екстремно ниски, евтини кредити за недвижности во Данска.
Банката Abp на пример најави дека дава станбени кредити на 20 години со фиксна рата на отплата без камата.