Данкан Лоренс ѝ ја донесе победата на Холандија на Евросонг по 44 години.
Вистинското име му е Данкан де Моор. Дипломирал на Рок академијата во Тилбург. Стигнал до полуфиналето на релното талент шоу.
На прес конференцијата пред настапот во Тел Авив , Данкан призна дека е бисексуалец.
– Јас сум повеќе од пејач, јас сум личност, живо суштество, јас сум бисексуалец, јас сум музичар, се залагам за некои работи. Горд сум што добив шанса да покажам кој сум – рече Данкан.