Уште 24 часа до најавената Рок симфонија на Дани. Од јубилејниот концерт со кој ќе бидат одбележани две децении музичка кариера, две децении исполнети со композиции кои дефинитивно ќе останат запишани во домашната музичка историја.
Првиот солистички концерт на Дани ќе се одржи утревечер (7 март) во Македонската филхармонија, а со почеток во 20:30 часот.
„Изминатиов период напорно работевме, па она што со сигурност можам да ви го ветам е вечер исполнета со одлична музика. Возбудата е навистина голема и едвај чекам да застанам на сцената, едвај чекам да се дружиме и да ви презентираме што се сработивме“, вели Дани, која на сцената ќе настапи во придружба на филхармониски оркестар под диригентската палка на Бисера Чадловска.