Поп-пејачот Даниел Кајмаковски (35), победник на првата сезона на шоуто на таленти „Икс -Фактор Адриа“ и евровизиски претставник во 2015 година во Виена, повторно се врати во овој град.
Деновиве Кајмакоски објавил на социјалните мрежи фотографии од Виена, каде живееше долги години пред да почне да се занимава со музика. Поголемиот дел од детството и младоста со родителите живеел во Виена.
„Време со семејството“, напиша пејачот во описот на една фотографија.
Пред околу еден месец Кајмакоски обелодени дека се разведува од неговата сопруга Кристина Димитријевска, со која го има синот Давид.
Кајмакоски во изминатиот период повторно се активира на музичко поле, а има доста настапи во регионот.
Кајмакоски, во 2016, победи во третата сезона на познатото балканско шоу „Твое лице звучи познато“.
FOTO: Printskrin