Деновиве одекна веста за разводот на пејачот Даниел Кајмакоски и неговата 13 години помлада сопруга, поранешната манекенка Кристина Димитријевска.
Пејачот реши за естрадниот ТВ-магазин „Бекстејџ“ да ја потврди разделбата притоа објаснувајки ги причините за ваквата одлука.
„Деновиве не реагирав на објавените новости за мене само поради една причина, велигденските празници, кои се свети денови и треба да се исполнети со мир и љубов за секого. Како јавна личност секако дека го споделувам и приватниот живот со јавноста, но за се има вистинско време. Јас и Кристина не сме заедно подолго време. Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зашто знаеме дека е тоа најдоброто за нас. Најважно ни е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете. Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Се поддржуваме еден со друг за идните планови и двајцата позитивно гледаме на иднината. Нашите семејства и блиски пријатели знаат за разводот веќе некое време и ја имаме нивната поддршка. Сепак за никој од нас не е лесен овој период“, открил пејачот во мејлот за „Бекстејџ“.