Данела Арсовска наградена за придонес во претприемништвото во ЈИЕ

Наградата секоја година во рамки на Регионалниот самит на претприемачи ја доделува Меѓународниот комитет за доделување награди и признанија од Република Хрватска и Меѓународниот економски форум за претприемачи.

234

Претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска е добитник на награда за особен придонес во развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа во 2018 година, што се додели во рамки на 6. Регионален самит на претприемачи во Дубровник, Хрватска.

Признанието за ССК и Арсовска е резултат на минатогодишниот проект за поддршка на претприемништвото на национално и меѓународно ниво, како и за квалитет на лидерство за водење на институција.

Наградата секоја година во рамки на Регионалниот самит на претприемачи ја доделува Меѓународниот комитет за доделување награди и признанија од Република Хрватска и Меѓународниот економски форум за претприемачи.

Арсовска, информираат од ССК, на самитот посочила дека претприемачите се носители на голем потенцијал за зголемување на економскиот раст, како и за поттикнување на иновативноста во приватниот сектор.

– Заложбите на Сојузот континуирано се насочени кон поттик и поддршка на претприемништвото. Покрај тешкиот и ограничен пристап до финансии за претприемачите, „трите К“ се посочени како најголем предизвик. Контролата односно инспекцискиот надзор се потешкотија за секој кој отпочинува сопствен бизнис и нема ресурси да ја следи и да се усогласува со регулативата. Затоа контролите се особено стресни и се можност за уназадување на претприемачите поради изречени глоби за неусогласеност- изјави Арсовска.

Според неа, за претприемачите, односно новоотворените мали компании најдобра поддршка што може да ја добијат во првите години од отпочнувањето на бизнисот е дерегулацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...