Парламентарното мнозинство на чело со СДСМ го приватизира Собранието на Република Македонија. На СДСМ и ДУИ веќе им премина во навика да го кршат Уставот на Република Македонија, законите и Деловникот за работа на Собранието, изјави Драган Данев, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за комисиската расправа за Изборниот законик.
– Скандалозно, неделовнички и со двојни аршини е однесувањето на претседателот на Комисијата за европски прашања. Во Собранието не важи ниту едно правило, ниту една процедура, важи само волјата и желбите на СДСМ и ДУИ.
Со ваквото однесување паднаа демократиските маски на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ. Од една страна се прикажуваат како најголеми демократи и европско ориентирани политичари, а од друга страна на секој чекор ги кршат законите и процедурите.
Повторно, како и со законот за јазици така и со Изборниот законик грубо го злоупотребуваат европското знаменце и Комисијата за европски прашња.
Изборниот законик во Република Македонија никогаш не се носел без консултации со опозицијата и никогаш не се разгледувал на Комисијата за европски прашања. Овој закон нема никаква допирна точка со Комисијата за европски прашања и со усогласување на нашето законодавство со законодавствто на ЕУ. Токму затоа и на овој закон нигде нема наведено изворен акт со што се усогласува.
Секогаш кога ова парламентарното мнозинство сака нешто да протурка набрзина и на мала врата го користи европското знаменце и Комисијата за европски прашања.
Според логиката на Владата и праламентарното мнозинство сите држави во Европската Унија имаат исти изборен систем, иста изборна комисија и ист изборен законик, а ние како држава само треба да го усогласиме со нивниот, што е апсурдно и смешно.
Предупредуваме дека ваквото своеволно и недоловничко однесување, однесувајќи се како Собранието на Република Македонија да е приватна институци ќе има понатамошни последици за демократијата во земјава – рече Данев.