Данев: Владејачкото мнозинство да го поддржи законот за намалување на акцизата

114

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, и покрај тоа што владејачкото мнозинство денеска одби да го стави на дневен ред законот за намалување акцизата по скратена постапка, се надева дека текстот ќе го поддржат во редовна постапка.

– Ние апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство по гласањето против овој закон да се поднесе по скратена постапка, сепак да ги стават интересите на граѓаните пред партиските интереси и при редовната процедура на носење на овој закон да го поддржат овој закон и на тој начин влијаат на квалитетот на живот на граѓаните. Верувам дека интересот на граѓаните на Република Македонија ќе биде пред партискиот и личен интерес на пратениците од владејачкото мнозинство, изјави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.

Ова зголемување на акцизата, според него, само индустријата ја чини ова покачување близу 5.5 милиони евра, транспортот го чини фантастични 32 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...