Многумина ја занемаруваат вртоглавицата, не знаејќи дека нејзиното зачестено јавување може да биде симптом дека телото е нападнато од некоја болест.
Стручњаците истакнуваат дека појавата на вртоглавица често е симптом кој укажува дека страдате од стеснување на крвните садови, односно од атеросклероза.
Вртоглавицата во комбинација со матен и дуплиран вид, како и со отежнато движење на рацете и на нозете може да биде знак дека дошло до затнување на артериите. Вака телото реагира, бидејќи е намален дотокот на крв во мозокот, а доколку не се лекува навреме, атеросклерозата може да предизвика срцев удар или застој на срцето.
Покрај стеснување на крвните садови, вртоглавицата укажува и на многу други заболувања, како што се анемија, низок крвен притисок, анксиозност, мигрена, Мениерова болест (заболување на внатрешно уво) и инфекција на увото.