Дали трудниците треба да пијат кравјо млеко?

Храната со животинско потекло обично содржи хормони, но на кравјото млеко треба да се обрне особено внимание. Некои експерти одат толку далеку што дури и советуваат дека би било добро трудниците да избегнуваат да пијат кравјо млеко. Зошто е тоа така?

289

Хормоните кои можеме да ги пронајдеме дури и во органски произведеното млеко можат да играат многу важна улога во студиите кои ја истражувале врската помеѓу млечните производи и некои човекови болести како што се карциномите, акните и репродуктивниот систем кај мажите.

Консумацијата на млеко е поврзана со прераниот пубертет како и со карцином на ендометриумот кај жените во периодот после менопаузата. Она на што научниците посебно предупредуваат е опасноста која хормоните од млекото можат да ѝ ја донесат на онаа најранлива популација, децата, младите и бремените жени. Кај овие групи луѓе дури и најмало внесување на хормони може да доведе до драстични промени во метаболизмот.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...