За жал, секојдневниот живот стана таков што не им дозволува на родителите правилно да ги одгледуваат своите деца. Многу работа, а малку внимание на крајот си го прават своето.
Дозволување сѐ да биде по нивно (тоа некогаш беше чист апсурд) е ситуација на која се децата навикнати од најмали нозе. Не чуди тоа што со три години не сакаат да јадат или да облечат тоа што ќе им се каже, обидувајќи се да истераат некоја своја правда, а не се ни свесни што воопшто значи правда.
Што е тоа што се гледа во очите на родителите, секако, освен силна љубов: Немоќ и слабост. Страв од признанието дека се совладани од сопствените деца. Дека им угодуваат како што не се угодувало никогаш порано. Бесни се на себе затоа што не знаат како да ги доведат во ред. Сето тоа е модерно родителство.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.