„Пред 20 години понудата на пиво се сведуваше само на светли и темни и „грчки“ и „кочански“ односно грч и кочан ладни пива и се консумираа само и строго со кикирики (понекогаш и со смоки со вкус на кикирики).
Денес понудата веќе секојдневно се збогатува и постојат речиси 50-тина категории на пивски стилови.
Токму поради тоа, секој пивски стил си бара посебен и соодветен третман за подобро да го запознаете и прифатите.
На вас останува дали ќе ви се допадне или не“, вели Марјан Костадиновски, кој е организатор на утрешната дегустација на пиво и чоколадо во „Кашмир“.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey