Дали родителите ги злоупотребуваат своите деца-јутјубери кои заработуваат милиони?

Загриженоста на јавноста поради родителите кои ги користат своите деца и заработуваат од видео-снимките што ги објавуваат на Јутјуб е сѐ поголема бидејќи случајот на шестгодишната јужно-корејска јутјуб ѕвезда Борам која неодамна купила недвижнини од 8 милиони долари, не е единствен. Што мислите вие за ова?

582

Борам има два Јутјуб канали на кои става свои содржини – канал посветен на играчки со 13,6 и видео блог со 17,6 милиони следбеници, пренесува Си-Ен-Ен.

Во еден од своите најпопуларни клипови кој привлекол повеќе од 376 милиони прегледи, Борам направила нудли користејќи играчка – пластична кујна и потоа истите ентузијастички ги „исркала“ пред камера.

Меѓутоа, дел од нејзините објави предизвикале критики во Јужна Кореја поради вредностите кои ги промовира, па некои се пожалиле на невладината организација Save the Children, стравувајќи дека некои нејзини клипови би можеле негативно да влијаат на малолетниците.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: maxresdefault

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...