За некои работи кои ги правиме после јадење, а за кои сме убедени дека се добри за нас, излегува дека сме грешеле. А еве и зошто.
Пушење
Пушачите обично сакаат да запалат после јадење. Пушењето секако не е препорачливо, но после јадење е посебно опасно. Затоа што, како што тврдат стручњаците, ако запалите цигара веднаш после оброкот му штетите на организмот како да сте запалиле 10 цигари наеднаш. Ризикот од рак на бели дробови се зголемува, а исто така, влијае и на влошување на синдромот на иритабилен колон (нервоза на цревата).
Прошетка
Иако е ова еден од најчестите совети, после јaдење и не е толку добро за вас како што се мисли. Ако веднаш одите на прошетка системот за варење нема да биде во можност да ги обработи и да ги „впие“ сите нутриенти од храната што сме ја изеле. Најдобро е да почекате барем пола час после јадење и потоа да одите на прошетка (на околу 10 минути). Нема да имате стомачни проблеми, а прошетката ќе ви годи.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey