Дали овие дечки се новиот „Лед Цепелин“? (ВИДЕО)

Младиот бенд од Мичиген, „Грета Ван Флит“ (Greta Van Fleet), има по малку необичен звук за 21 век.

299

Младиот бенд од Мичиген, „Грета Ван Флит“ (Greta Van Fleet), има по малку необичен звук за 21 век, кој се потпира на класичниот рок во голема мера. Но, токму со тоа го привлекоа вниманието на медиумите кои ги нарекуваат нов „Лед Цепелин“, со што се согласи и пејачот на легендарниот бенд, Роберт Плант.

Бендот „Грета Ван Флит“ е составен од тројца браќа: 22-годишните близнаци – пејачот Џош и гитаристот Џејк Киска- како и три години помладиот басист и, по потреба, клавијатурист Сем Киска. Четвртиот член на групата е 19-годишниот тапанар Дани Вагнер, пишува НМЕ.

Тие доаѓаат од малиот град Френкенмут во Мичиген (кој има само над 5.000 жители), а нивната опсесија со класичниот рок ги натера медиумите да ги споредат со раниот период на „Лед Цепелин“.

Но веројатно најголемиот комплимент дојде од пејачот на „Лед Цепелин, РобертПлант кој во интервју изјави:„Постои бенд во Детроит наречен „Грета Ван Флит“. Тие се „Лед Цепелин I“. Тие имаат прекрасен млад пејач. Јас го мразам!“.

Кога се осврнал на гласот на Џош, Плант се пошегувал: „Тој го позајми од некој што го познавам многу добро“.

Џош вели дека му било необично кога го гледал интервјуто на Плант, но неговите изјави му ласкале. „Мислам дека му се допаѓаме. Тоа е добро, на некој начин да го добиете тојпечат на одобрение. Тој е еден од најфантастичните пејачи на сите времиња“, рече пејачот на „Грета Ван Флит“ за NME.

Подготви: А.Ј.

ФОТО: Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...