Дали најавениот гасовод кон Грција ќе ја доживее судбината на нафтоводот?

Тевдовски на годишно собрание на Европската банка за обнова и развој во Јордан разговарал за гасоводна интерконекција на Македонија и Грција.

240

Изградба на магистрален гасовод меѓу Македонија и Грција и изградба на секундарна гасоводна мрежа во општините најави министерот за финасии Драган Тевдовски на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Јордан.

Тевдовски  рече дека ЕБОР е заинтересирана за финансирање на двата проекта.

– ЕБОР во моментот финансира два проекта во областа на енергетската инфраструктура во Македонија. Планираме во блиска иднина, да ги зголемиме капиталните инвестиции, пред се во енергетиката. Тука зборувавме и имаме начелна согласност за учество на ЕБОР во два значајни проекта. Првиот е за изградба на секундарна гасификациска мрежа во повеќе општини во различни региони. Големината на проектот е проценета на околу 50 милиони евра. Покрај кредитна линија за овој проект побаравме и грант средства кои треба да обезбедат и изработка на техничка документација на проектот- рече Тевдовски.

Тевдовски посочи дека вториот проект од областа на гасификацијата за кој се дискутирало на средбите е интерконекција со гасовод на Македонија и Грција.

-Тоа е важен проект. Веќе имаме добиено писмо за интерес од страна на Европската инвестициска банка за финансирање на проектот, а има интерес и од грчката страна за негова реализација- истака Тевдовски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...