Хомеопатијата е систем на медицината во чија основа е лекувањето на пациентите со разредени и потенцирани супстанции кои го активираат природниот систем и потенцијал на нашите тела за самолекување. Овој систем е заснован на принципот „сличното со слично се лекува“, што значи дека супстанцијата која предизвикува одредени симптоми во телото на здрава личност, може да лекува болест која ги има истите симптоми, кога личноста ќе се разболи.
На пример Coffea Cruda (сирово кафе) може да се користи во лекувањето на несоница, затоа што предизвикува несоница кај повеќето здрави луѓе кои го консумираат, особено во поголеми количини.
Кората од кинин кај здравите лица предизвикува симптоми слични на маларија – кининот се користи во лекувањето на маларијата и во современата медицина.
Сите знаеме кои симптоми на очите и носот ги предизвикува кромидот додека го сечкаме, затоа хомеопатијата го користи во лекувањето на настинките….
Без претерување, ефектот на правилно избраниот лек кај обичните секојдневни проблеми како што се настинки, главоболки, стомачни нарушувања, несоници и други психосоматски потешкотии може да се спореди со волшебно стапче. Таквиот лек, велат стручњаците, лежи во хомеопатијата која нуди безбеден, ефикасен и ефтин начин на лекување без несакани ефекти. При соодветно застапено користење, хомеопатијата може драстично да ги смали трошоците за конвенционалната скапа терапија и болнички третмани.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.