Дали млекото од соја е навистина здраво?

Еден од главните недостатоци на млекото од соја е ниската содржина на калциум, дури три пати помала отколку во обичното млеко. Претераната консумација на соја може да биде причинител за болести на штитната жлезда, а може да доведе и до алергиски реакции. Заради својот специфичен вкус, млекото од соја често доаѓа во засладена форма поради што може да има покачена калориска вредност.

278

Доколку сте интолерантни на лактоза, една од најпопуларните алтернативи што ви се нудат е млекото од соја. Иако ова млеко е одличен извор на протеини, меѓу потрошувачите често владее страв поради појавата на ГМО соја, поради што сојата е сѐ уште прилично контроверзна намирница.

Ако сте во недоумица дали да прејдете на млеко од соја, прочитајте повеќе за неговите предности и маани, на порталот „Арт кујна“.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...