Милијардерот и претрпиемач Илон Маск на Твитер напиша дека сака да им помогне на децата заглавени во пештарата на Тајланд. Еден корисник на Твитер го праша Маск дали би сакал да ја понуди својата помош за спасувањата на децата на што Маск изрази верување дека Владата на Тајланд „држи се под контрола“, но додаде дека би бил среќен да помогне доколку постои начин да го направи тоа.
Онлајн изданието на „Форчен“ наведе дека засега не е јасно како Маск би можел да помогне но потсетува дека постои опција за пробивање на пештерата од површината и спасување на децата на тој начин.
Маск, меѓу другото, е сопственик и на фирмата „Боринг Компанија“ која се занимава и со пробивање тунели.
Децата и нивниот тренер беа пронајдени живи во пештера на Тајланд, девет дена откако исчезнаа во неа по поплава, исцрпени се и имаат помали повреди, а преживеале со пиење вода која капе од сталактитите.
Спасувачките тимови на Тајланд во понеделникот ги пронајдоа 12-те деца, на вораст од 11 до 16 години, и нивниот 25-годишен фудбалски тренер, кои на 23 јуни влегле во пештерата Там Луанг.