Дали кога патувате некаде наминувате во Мекдоналдс?

Во 2013, после 16 години постоење се затворија Мекдоналд рестораните во Македонија, а ние преживуваме и без нив. Затоа пак, кога одиме некаде, знаеме да се „почестиме“ со некоја од многуте нови варијанти кои во меѓувреме почнале да се прават, како на пример, оваа со гвакамоле сос во Љубљана. И да ви кажам, колку и да ни се чинеа вкусни, добро е и здраво што ги немаме.

900

Пред 6 години, по 16 години на македонскиот пазар „Мекдоналд Европа“ го прекина договорот за франшиза со македонската фирма „СЈ компани“. Тогаш се затворија седумте ресторани на Мекдоналдс на територијата на Македонија.

Најмногу за ова жалеа децата кои растеа во овој период и често своите родендени ги прославуваа токму во Мекдоналдс рестораните. Токму тие, секое патување надвор од државата го користат за да се потсетат на своите омилени Мекдоналдс вкусови. Честопати и нивните родители како подарок од своите патувања, наместо кукли, плочи, книги, разноразни игри или сувенири, им носат Биг Мек. И самите кога одиме некаде, знаеме да се „почестиме“ со некоја од многуте нови варијанти кои во меѓувреме почнале да се прават, како на пример, оваа со гвакамоле сос во Љубљана. И да ви кажам, колку и да ни се чинеа вкусни, добро е и здраво што ги немаме.

Исланд е прва земја во Европа што го затвори Мекдоналдс

Исланд беше прва европска земја која ги затвори сите Мекдоналдс ресторани, во 2009.година, во текот на економската криза.

Откако е основан во САД, во 1940.година, Мекдоналдс порасна во најголем и напознат светски синџир на брза храна.

Дневно послужува околу 68 милиони потрошувачи во 119 земји во дел од светот.

Иако и денеска има голема војска на потрошувачи, Мекдоналдс е често на ударот на бројни критичариНа компанијата најмногу ѝ се забележува тоа што настојува да го зголеми профитот на сметка на здравјето на нивните потрошувачи нудејќи им нездрави намирници.

Зошто се штетни производите на Мекдоналдс?

Целиот текст побарајте го на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...