Во популарниот детски анимиран филм Прасето Пепа, главна улога има прасето Пепа и многу деца се поистоветуваат со него и се обидуваат да го имитираат.
„Мојата тригодишна внука има британски акцент по гледањето на Прасенцето Пепа и љубоморна сум“, открива една корисничка на Твитер.
За овој чуден феномен проговорила и уште една мајка. „Бев возбудена кога мојата ќерка почна да го гледа „Прасето Пепа“ затоа што мислев дека ќе го совлада неодоливиот британски акцент, но сѐ што научи беше да грофта како прасе“.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey