Дали знаете што е Аутофагија и кои се нејзините бенефити за здравјето?

Иако буквалниот превод на овој термин не звучи баш многу пријатно – „јадење на самиот себе“, овој процес на излекување, а пред сѐ, на превенција од различни пореметувања и заболувања е многу благотворен за рехабилитација на целиот организам.

3469

Можеби се сеќавате на јапонскиот молекуларен биолог Јошинори Осуми кој во 2016.година ја доби Нобеловата награда за медицина, за истражување на аутофагијата – процес на голтање на сопствените клетки.

Испитувањата на кои сѐ начини може да се примени ова откритие, се сѐ уште во тек, но една диета со ова име станува сѐ попопуларна.

Имено, аутофагијата е самоисцелителен процес, а иако буквалниот превод на овој термин не звучи баш многу пријатно – „јадење на самиот себе“, овој процес на излекување, а пред сѐ, на превенција од различни пореметувања и заболувања е многу благотворен за рехабилитација на целиот организам.

Во организмот аутофагијата ги користи дисфункционалните компоненти, со своевиден процес на рециклажа односно, користење на насобраните токсини од ткивата и клетките. На овој начин, преку ослободените клетки организмот се ослободува од патолошките и други пореметувања. Доаѓа до самодетоксикација. Здравите клетки ги рециклираат оштетените, стари и болни клетки, како и микроорганизмите. Со разградувањето на лошите клетки, повторно се искористува тој материјал за балансирање, излекување и заштита.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...