Сте го слушнале изразот: „Ме боли косата“. Во прашање не е само игра на зборови.
Постои причина зошто косата боли.
Можеби логиката налага дека косата не може да боли, но ова и тоа како може да се случи. Сѐ почнува од темето, а потоа се шири по косата. За болката сте 50 отсто виновни вие самите, а за останатите 50 отсто вашето тело.
Имено, природно мрсното теме или нередовното миење може да доведе до насобирање маснотија на темето. Тоа предизвикува воспаленија и чешање, па дури и болка.
Уште ако се почешате, поттикнувате испуштање хемикалии поради кои ќе се воспали целото теме. Со други зборови, повеќе крв ќе се наjде во тој дел од главата, па доаѓа до пулсирачка болка. Но, до болка може да дојде и по миење, а за тоа треба да се бара вина во производите за коса што ги користиме затоа што маснотијата и нечистотијата се собираат и благодарение на хемикалиите од тие производи.
За да ја спречиме оваа болка, косата мијте ја редовно и користите што е можно помалку производи за коса што ја задушуваат. Исто така, кога и да можете, одбегнувајте затегнати фризури и користете шампони кои ги разградуваат маснотиите.