Не толку одамна на предните полици во продавниците можеа да се видат препознатливи намирници како сирење, јајца, млеко, путер…Сега можат да се сретнат чудни алтернативи како што се леб без пченица, млеко без лактоза, млеко од соја, растителни рирења, замени за јајца, шеќер, и слично.
Слично како идеите на разни религии, и рецептите без јаглени хидрати, рецептите со ниска содржина на протеини или со мал процент на масти, рецептите без глутен или без месо, се шират како своевиден култ, преку медиумите, социјалните мрежи, блоговите и форумите.
Сакате да бидете здрави?
Сакате да бидете витки?
Сакате да живеете колку што е можно подолго?
Тогаш престанете да ја јадете вашата омилена храна која ве труе! Не само што ќе го уништи вашето здравје, ќе ве здебели, туку и ќе ви го скрати животот – порачуваат лобистите на „чистата храна“.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.