Се проценува дека секоја година се фрла половина од произведената храна, иако дел однеа може да се консумира и по истекот на рокот на траење, но треба да се биде внимателен.
Каков вкус има и како изгледа она по што може да се процени во каква состојба е чоколадото?
„Ако најдете чоколадо на кое му истекол рокот на траење, прво треба да го проверите вкусот“, вели Брин Кирк, водителка на колегиумот на Chocolate University Online. Доколку чоколадото поминало низ различни температурни промени, голема е веројатноста дека повеќе не е безбедна за јадење. Имајте на ум дека промените на температурата овозможуваат раст на бактерии.
Кога чоколадото ќе се стопи, а потоа ќе го ставиме во фрижидер да се стврдне, настанува кондензација. Тоа создава атмосфера за сздавање и ширење на бактерии. Дури и ако не ги гледате, тие се тука.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey