Пред да го наречете своето дете хиперактивно, хиперчувствително или го декларирате на кој било начин како посебно, добро размислете дали е тоа навистина така, дали е вашето дете толку посебно и поинакво и што всушност правите со тоа што се однесувате со него на таков начин.
„Моето хиперчувствително дете бара посебно внимание“
„Не можам да го натерам да јаде, едноставно е такво“
„Кога нема да го добие тоа што го сака, настапуваат изливи на бес кои ги нарекуваме тантруми – затоа што е тој целосно поинаков и таков е“
„Мирен е само кога има телефон во рака“
„Него го интересираат само игрици“
Хипер-активни, хипер-паметни, хипер-поинакви …еден ден сепак ќе мораат да си заминат откај нас. Со себе ќе ја понесат и таа етикета која сме им ја залепиле. И понатаму ќе мислат дека се поинакви, ќе бараат посебно внимание, ќе реагираат бурно на сѐ што не е по нивно и што потоа?
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey