Дали дозволувавте посети во првите 6 недели по раѓањето на вашето бебе?

Една мајка предизвикала вистинска полемика на родителскиот форум Mumsnet кога објавила дека не сака никого близу своето бебе во првите шест недели по неговото раѓање. Што мислите вие за ова и какво е вашето искуство?

354

„Одлучивме нашето дете во првите 4 до 6 недели да не го види, ниту да го држи во раце никој друг освен ние и нашата постара ќерка. Првиот пат бевме буквално преплавени со посетители и затоа ја донесовме оваа одлука. Пријателите се согласија, но не и членовите на семејството. Мајка ми ми кажа дека се чувствува грозно зашто е исклучена од првиот месец од животот на својата внука“, напишала оваа мајка.

Таа додала дека се чувствува страшно затоа што со оваа одлука ја вознемирила својата мајка и дека ѝ ветила дека секојдневно ќе ѝ испраќа фотографии од бебето.

Сепак, рекла таа, знам дека постапивме правилно.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...