Дали делегациите на Македонија и Грција ќе се гоштеваат со прочуениот преспански крап?

Крапот плива три пати, еднаш во вода, еднаш во масло и третпат во вино, ни изјави Ванчо Стојановски, менаџер на комплексот „Лејквју“ во Отешево пред речиси 1 година додека ни објаснуваше како се подготвува овој преспански специјалитет. Токму тука денеска ќе пристигнат делегациите на Грција и Македонија по потпишувањето на договорот за името а на менито претпоставуваме, меѓудругото, ќе се најде и специјалитетот на куќата

3077

„Лејквју“ e хотел и ресорт со поглед на прекрасното Преспанско Езеро, зад кој се наоѓа Националниот Парк Галичица, а локацијата е позната и како воздушна бања. Впрочем, овој поглед им е на многумина познат и затоа што токму тука се снимаше македонската ТВ серија „Преспаф“.

Токму тука денеска ќе се одржи свечениот ручек на делегациите на Македонија и на Грција по потпишувањето на договорот за името.

Да се потсетиме на приказната за овој објект кој ни ја раскажаа сопствениците, семејството Нечовски.

Станува збор за ресорт кој од 2012 година е приватна сопственост на семејството Нечовски, повратници од Америка кои после 36 години се враќаат во родниот крај решени да инвестираат и да започнат еден за нив нов бизнис на брегот од Преспанското езеро.
Сопружниците Нечовски потекнуваат од овој крај, па тоа било пресудно за нивната одлука да ја вложат сета своја животна заштеда во овој комплекс. За почеток на својата нова угостителска приказна најпрвин морале да ја исчистат локацијата и плажата, а потоа и да го реновираат, доградат и поправат хотелот, како и бројните придружни објекти обидувајќи се да го донесат објектот во колку што е можно попретставителна ситуација и да понудат што подобри услуги и сместувачки капацитети.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...