Дали гумените витамини се безбедни и ефикасни?

Додека многу луѓе претпоставуваат дека додатоците се безбеден и лесен начин да се добијат многу добри состојки, тоа честопати не е точно. Огромното мнозинство додатоци не се тестираат за безбедност или ефикасност, велат експертите.

203

Гумените витамини се сė повеќе популарни – и не само за децата. Според некои проценки, возрасните сега сочинуваат до 80% од пазарот на гумени витамини.

„Заморот од пилулите“ е еден од факторите кој ги поттикнува возрасните да се преориентираат кон гумените витамини. Ако морате да земате повеќе додатоци секој ден – а особено ако имате проблеми со голтањето на капсулите или таблетите – вие гумени витамини можат да ви ја олеснат работата. Но, дали тие се ефикасни како и обичните додатоци?

„Многу е потешко да се направи добра гумена „бонбона“ отколку да се направи таблета или капсула”, вели д-р Тод Куперман, претседател на ConsumerLab.com, приватна компанија која спроведува тестирања за безбедност и квалитет на производи за широка потрошувачка. Во анализите во 2017 година, ConsumerLab.com откри дека четири од пет гумени витаминисодржат повеќе или помалку од наведените количини на состојки. Гумените витамини беа најверојатно вид на додаток кој падна на тестот, покажала анализата.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: rawpixel.com from Pexels

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...