Дали би пуштиле туѓинци во својот дом да ви го наполнат фрижидерот?

Најновата услуга на најголемиот американски трговски синџир „Валмарт“ им овозможува на доставувачите влез во куќата на лицата кои ги нарачале производите, како и ставање на тие производи во фрижидерите

186

Со новата услуга на „Валмарт“ услугата InHome Delivery, домашната достава добива целосно ново значење. Додека досега под домашна достава се мислеше на производите што ги нарачуваме преку интернет и кои доставувачите ни ги носат на врата, а ние ги преземаме, новата услуга се однесува и на достава на производите кога сопствениците не се дома. Тогаш на доставувачите им се овозможува влез во нивниот стан или куќа за да им ги остават намирниците во фрижидер.

Услугата е овозможена само на одредени пазари и на корисниците со паметни брави на вратите кои овозможуваат еднократен пристап на лицата со шифра. Кога доставувачите ќе се појават на врата, преку апликација ја отклучуваат вратата (значи, имаат само еднаш прав на пристап, нема да можат да се вратат повторно или да им овозможат пристап на други лица во куќата, одат до фрижидерот и го полнат со намирници.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...