Далај Лама излезе од болница

48
ФОТО: МИА

Тибетскиот духовен лидер Далај Лама денеска е отпуштен од болница во индискиот главен град Њу Делхи, каде што беше хоспитализиран пред два дена поради воспаление на белите дробови.

Претставник на болницата соопшти дека 83-годишниот лауреат на Нобеловата награда за мир бил отпуштен откако заздравел од белодробната инфекција.

Далај Лама на почетокот на 1959 година побегна во Индија, по неуспешното востание во Тибет против кинеските власти и оттогаш живее во северноиндискиот град Дарамсали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...