Далај Лама во болница во Њу Делхи поради инфекција на белите дробови

55
ФОТО: МИА

Тибетскиот духовен лидер Далај Лама е примен во болница во главниот град на Индија, Њу Делхи, поради инфекција на белите дробови.

Далај Лама е хоспитализиран поради инфекција на белите дробови, сега се чувствува подобро. Тој прима терапија и најверојатно ќе остане во болница еден – два дена, изјави портпаролот Тезин Такла.
Далај Лама вчера пристигна во Њу Делхи со авион од Дармсала, каде му е седиштето на медицински консултации.

Дармсала која се наоѓа во северна Индија е седиште на Далај Лама откако побегна од Тибет во 1959 година по неуспешниот бунт против кинеската Влада.

Далај Лама во минатонеделниот говор на конференција на професори и студенти во Њу Делхи повтори дека не бара независност за Тибет и оти повеќе би сакал „повторно обединување“ со Кина под взаемно прифатливи услови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...