Г-мејл со новитети за својот 15. роденден

80

Г-мејл, кој деновиве го прославува својот 15. роденден, одлучи по тој повод, да „ги почести“ со некои нови додатоци своите корисници, како на пример, опцијата за закажување датум и час на испраќање на мејлот.

Тоа досега, во рамки на Г-мејл, беше достапно само со специјалните понуди. Сега опцијата ќе стане достапна за сите и ќе може да се активира со клик на стрелката покрај „Испрати”.

Меѓу новитетите е и опцијата „Смарт Компоуз” која, по принципот на вештачка интелигенција, сама учи да се прилагодува на навиките и стилот на корисникот. Така, на пример, таа сама ќе ги вметнува вообичаените поздрави на корисникот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...