Руски експерти открија траги од удари на 22 ракети на САД и сојузниците врз објекти во Сирија на 14 април, од вкупно 105-те испукани од американските воени сили. Тоа денеска го соопшти началникот на оперативниот штаб на рускиот Генералштаб, генерал-полковник Сергеј Рудској.
– По деталната анализа на собраните парчиња од ракетите, кратерите и уништувањата, заклучокот е дека максимум 22 од 105-те ракети, погодиле објекти во целната област, вели Рудској.
Две од ракетите, користени од САД и нивните сојузници, Франција и Велика Британија, кои не ги погодиле целите се доставени во Москва.
Според пресметките на руското Министерство за одбрана при нападот на Сирија биле користени вкупно 103 крстосувачки ракети, а сириската ПВО соборила 71 од нив.