Генералниот секретар на Обединетите нации, Антониот Гутиереш денеска оцени дека турската офанзива и моменталното примирје во североисточна Сирија покажуваат дека е дојдено време за сериозни разговори за завршување на осумгодишната војна во оваа земја.
Пред новинарите во Њујорк тој изјави дека политичкиот процес „сега е позначаен од било кога претходно“.
Гутиереш додаде дека ОН „сега се целосно уверени“ дека комитетот за изработка на предлог Уставот на Сирија, чиј прв состанок е закажан за следната недела во Женева, ќе почне со работа и „прв чекор ќе му биде изнаоѓањето политичко решение“.
– Се надеваме дека тоа „ќе води кон затворање на ова трагично поглавје во животот на жителите на Сирија“ – рече тој.
Турција почна офанзива на североистокот на Сирија против сириските Курди, кои ги смета за терористи, а кои се главни сојузници на САД во борбата со Исламска држава, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече американските војници од таа зона.