Гутереш: Рекорден број држави се вклучени во „насилни конфликти“

54
ФОТО: EPA/CYRIL ZINGARO

Бројот на земји вклучени во „насилни конфликти“ е најголем во последните 30 години, додека бројот на загинати во судирите е зголемен за десетпати од 2005 година, изјави денеска во Копенхаген генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш.

Тој наведе дека бројот на „насилни ситуации“, што можат да се окарактеризираат како војни врз основа на бројот на жртвите, е тројно зголемен од 2007 година.

– Покрај регионалните конфликти, глобалниот тероризам може да се случи каде било во кое било време – истакна Гутереш.

Тој вчера во Осло изјави од 2007 година е зголемен за 60 проценти бројот на „конфликти со низок интензитет“.

Фото: EPA/CYRIL ZINGARO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...