Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика лидерите на земјите од Г-20 да заземат посилна лидерска улога и да преземаат похрабри акции заради справување со критичните проблеми предизвикани од климатските промени кои водат до нееднаквост.
– Светот се соочува со криза на довербата – изјави Гутереш пред новинарите во седиштето на ОН во Њујорк.
Тој ја даде изјавата пред да отпатува во Буенос Аирес, каде утре и задутре ќе учествува на годишната средба на врвот на Групата од дваесет министри за финансии и гувернери на Централната банка. Во таа група се 19 национални економии плус ЕУ.
Гутереш истакна дека е императив државите да работат заедно за да создадат поправеден свет.
– Одиме кон свет на катаклизми и несигурност поради климатските промени – предупреди Гутереш.
Тој вели дека „оние кои се заборавени од глобализацијата, губат доверба во владите и институциите”, нееднаквоста е „широко распространета и зема замав”, трговските спорови ескалираат, а геополитичките тензии „вршат дополнителен притисок врз глобалната економија”.
ФОТО: EPA / HARISH TYAGI