Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш јасно порача дека статусот на Голанската Висорамнина останува не променет, изјави денеска портпаролот на Светската организација, Стефан Дижарик.
– Политиката на ОН за Голанската Висорамнина е отсликана во резолуциите на Советот за безбедност и таа политика не е промената, нагласи Дижарик.
Изјавата на Дижарик доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп денеска во присуство на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, потпиша декрет со кој официјално го призна суверенитетот на Израел над Голанската Висорамнина.
– Ова се подготвуваше долго време. Тоа требаше да се случи пред многу децении, изјави Трамп додека го потпишуваше декретот.
Израел презеде контрола над Голанската Висорамнина во текот на арапско–израелската Шестдневна војна, што траеше од 5 до 10 јуни 1967 година. По ова, Израел во 1981 година прогласи анексија на Голанската Висорамнина, што не беше признато од меѓународната заедница.
ФОТО: EPA / HARISH TYAGI