Гутереш: Мора да се спречи голема граѓанска војна во Либија

На отворањето на меѓународната конференција во Берлин, генералниот секретар на ОН рече дека нема воено решение за Либија.

113
ФОТО: EPA/CYRIL ZINGARO

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ја повика меѓународната заедница итно и решително да реагира со цел да спречи граѓанска војна од големи размери во Либија, што би имало катастрофално влијание врз целиот регион.

На отворањето на меѓународната конференција за Либија во Берлин, тој рече дека нема воено решение за Либија.

– Сега е време за неодложна и одлучна акција за да се спречи граѓанска војна од големи размери – рече Гутереш.

Тој предупреди дека таков конфликт ќе предизвика „хуманитарен кошмар“ и оти земјата ќе биде „ранлива поради постојани поделби“.

Гутереш потсети дека илјадници луѓе се убиени или повредени за време на конфликтот во Либија, а околу 170.000 беа принудени да ги напуштат своите домови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...