Гутереш: Дијалогот меѓу Белград и Приштина западна во нов ќорсокак

67
Photo: EPA / JUSTIN LANE

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во тримесечниот извештај за Косово наведува дека е „загрижен“ поради знаците на влошување на односите меѓу Белград и Приштина, особено по апсењето на директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.

Во извештајот, кој амбасадорите на земјите членки на Советот за безбедност на ОН ќе го разгледуваат во текот на овој месец, Гутереш ги повика двете страни да избегнуваат подбуцнувачки изјави.

– Дијалогот меѓу Белград и Приштина, со посредништво на ЕУ, како што изгледа, западна во нов ќорсокак… Апелирам до двете страни да му дадат нов поттик на дијалогот за да се спроведат сите до сега постигнати договори – наведива Гутереш.

Во извештајот се истакнува и дека во последните три месеци во Косово се вратиле само три лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...