Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш нагласи денеска дека е време САД и Северна Кореја повторно и сериозно да почнат дијалог за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
– Веруваме дека е крајно време преговорите меѓу САД и Северна Кореја повторно да почнат сериозно и да се дефинира план за денуклеаризација на Корејскиот полустров – изјави Гутереш.
Тој се обрати во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп имаше средба со специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја Стивен Бигун.