Гугл ја следи нашата локација и без да ги одбереме тие опции

140

Гугл го следи движењето на своите корисници, дури и ако тие ја исклучиле таа опција, покажува ново истражување на Универзитетот Принстон.

Услугите на Гугл за Андроид или Ајфон ги бележат нашите локации, дури и кога корисникот не ја користи таа опција, иако во повеќето случаи, Гугл ја бара вашата дозвола да ја користи локацијата. На пример, апликацијата Гугл Мапс не потсетува да дозволиме пристап доколку ја користиме за навигација, и ако се задржиме подолго на неа, може да ја видиме историјата на цело движење во временска линија.

Тоа секако претставува потенцијална можност за нарушување на приватноста. Полицијата пак, ги користи ваквите податоци за лоцирање осомничени.

Од ова своевидно „надгледување“ засегнати се околу две милијарди корисници на Андроид и Ајфон смарт-уреди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...