Гугл ја прифаќа пресудата на ЕК и на Европејците им нуди избор

136

Компанијата Гугл соопшти дека на корисниците на паметни телефони во ЕУ, а кои го користат оперативниот систем „андроид“, од денеска ќе им понуди можност за избор меѓу пет пребарувачи и апликации за веб пребарување.

Со тоа, Гугл ја исполни пресудата на Европската комисија, која минатата година ја казни компанијата со рекордни 4,34 милијарди евра поради кршење на антимонополските правила на ЕУ. ЕК тогаш соопшти дека Гугл од 2011 година незаконски наметнал ограничувања на произведувачите на андроид уреди и операторите на мобилни мрежи за да ја зацврсне позицијата во пребарувањето на интернет. Освен тоа, Гугл на одделни големи произведувачи на мобилни телефони и оператори на мобилни мрежи им плаќал за однапред да инсталираат Гугл пребарувач на уредите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...