Гугл Хром ќе предупредува дека стариот „http“ не е сигурен

Уште пред неколку месеци Гугл најави дека ХТТП ќе се претвори во елемент што Хром ќе го препознава како проблем на одредена страница.

97

Новата верзија на пребарувачот Гугл Хром ќе содржи опција за предупредување за интернет страници кои ја користат старата ХТТП (http) врска, наместо посигурната, нова ХТТПС (https).

ХТТПС линкот е криптиран и, макар што не е 100 отсто сигурен, е далеку подобра заштита од ХТТП. Тој, пред се, штити од следење на контактот меѓу корисникот и страницата, копирање пораки, несакано појавување на реклами, „копање” криптовалути… Уште пред неколку месеци Гугл најави дека ХТТП ќе се претвори во елемент што Хром ќе го препознава како проблем на одредена страница.

Така, кога ќе посетиме линк што има само ХТТП, ќе добиеме предупредување дека тој не е доволно сигурен.

Според официјални податоци, веќе 83 од стоте најпопуларни интернет страници во светот имат ХТТПС, а 76 отсто од интернет сообраќајот преку Хром за Андроид е заштите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...