Гугл планира да ги прошири центрите за податоци во Европа

Инвестициите ќе бидат поддршка за 13.000 работни места во ЕУ секоја година.

39

Компанијата Гугл планира да вложи три милијарди евра за ширење на своите центри за податоци во Европа во следните две години.

Генералниот директор на Гугл, Сандар Пичаи изјави дека со тоа вкупните вложувања на компанијата во интернет инфраструктурата во Европа од 2007 година ќе изнесуваат 15 милијарди евра.

На средбата со финскиот премиер Анти Рине во Хелсинки, Пичаи истакна дека инвестициите ќе бидат поддршка за 13.000 работни места во ЕУ секоја година.

Тој нагласи дека Гугл „прави уште еден голем чекор правејќи најголемо снабдување со обновлива енергија во историјата“ – спогодби кои вклучуваат 18 нови енергетски договори, од кои десет во Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...