Гугл до Трамп: Не работиме со кинеската, туку со американската армијаж

192
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Компанијата „Гугл“ ги отфрли наводите на американскиот претседателот дека оваа компнија помага на Кина и нејзината армија, јави денеска „Ен-Би-Си Њуз“.

– Ние не работиме со кинеската армија. Ние работиме со американската Влада, вклучувајќи го и Министерството за одбрана, и тоа во повеќе области како кибер безбедноста, кадрите и здравствто – изјави претставник на компанијата.

Трамп претходно на својот Твитер налог напиша соопштение дека „Гугл“ ја помага кинеската армија, но не САД.

Критиката од страна на американскиот претседател до оваа корпорација следуваше откако генералот Џозеф Данфорд, претседател на Комитетот на началници на штабовите на оружените сили на САД, изјави дека дејноста на „Гугл“ во Кина е во полза на армијата на таа земја.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...